Антонио Милошоски од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека СДСМ измислува фантомски гласачи, а не се постојани и во бројките, па така се споменуваат 100.000, 200.000 и 500.000 фантомски гласачи.

„Изборната волја која што ќе ја изразат гласачите, СДСМ ја нарекуваат изборна волја на фантомски гласачи. Измислуваат и не се постојани дури и во измислените бројки дека постојат 100.000, 200.000 или 500.000 фантомски гласачи, како Македонија првпат во својата историја да одржува избори и како во Македонија за првпат, а не десет пати до сега претставник на опозицијата да е претседател на Државната изборна комисија” – изјави Милошоски.

Тој вели дека со ваквите тврдења претставниците на СДСМ во ДИК ги омаловажија претставниците на сите други избирачки одбори, вклучително и нивните партиски претставници во избирачките одбори.
Милошоски прашува како СДСМ не виде фантомски гласачи во општините каде имаат градоначалници.