Зоран Заев и Ден Дончев нека одговорат дали го познаваат Бајруш Сејдиу и колку пати имале средба, вели Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија

– Нека излезе господинот Ден Дончев да одговори дали контактирал и дали го познава Бајруш Сејдиу и јас потоа веднаш ќе кажам зошто го посочувам. Нека излезе и Заев и нека каже дали имал комуникација и средби со Бајруш Сејдиу, веднаш следниот ден ќе излезам и ќе кажам зошто, рече Милошоски

Милошоски потенцираше дека бидејќи се споменуваат докази, и предложиле на  обвинителката Вилма Русковска да го земе и да го вештачи телефонот на  Зоран Заев