Утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост, а државното знаме да се спушти на половина копје бара пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, поради тоа што денеска е најзцрниот ден откако почна пандемијата во Македонија, со 40 починати од КОВИД-19.

Македонија досега изгуби вкупно 1.345 луѓе. Денес е трагичен датум, во еден ден згаснаа 40 животи на наши сограѓани, соседи, нечии родители, браќа, сестри, сопружници, баби и дедовци‼️ По тој повод Владата (согласно чл.8 од Законот за Влада) треба утрешниот ден, 17-ти ноември, кога дел од роднините ќе се простат од нивните најблиски, да го прогласи за ДЕН НА ЖАЛОСТ, а утре точно напладне државното знаме на Македонија да се спушти на половина копје, пред Владата, пред министерствата, пред општините и сите други државни и јавни институции, вели Милошоски.

Тој додава истовремено, да се даде обврска на телевизиите со национална фрекфенција да истакнат црна лента на екраните како знак на соодветно одбележување на Денот на жалост и оддавање почит кон загубените животи на нашите сограѓани и тагата на нивните семејства!

Македонија досега изгуби вкупно 1.345 луѓе ??? Денес е трагичен датум, во еден ден згаснаа 4️⃣0️⃣ животи на наши…

Posted by Antonio Miloshoski on Понеделник, 16 ноември 2020