Потребно е (за 4 чаши):
2 дцл млеко,
2, 5 дцл слатка павлака,
200 гр сладолед од ванила,
1 банана,
1 капка екстрат од банана.
Подготовка: Бананата се лупи се сече на кругови и се става во блендерот. Одозгора се става млекото, слатката павлака и се мискира додека не се создаде пена. Се додава сладоледот и капка од екстрактот. Малку се миксира, се става во чаши и се послужува.