x

„Милионерите“ се договорија со играчот, но не и со Јуве: Само пет милиони евра го делат Џан од Дортмунд

Емре Џан постигна договор со тимот на Борусија Дортмунд, но не и двата клуба кои преговараат за трансфер на фудбалерот од средниот ред. Според информациите, првата понуда од 15 милиони била одбиена, а Јувентус барал 30. Дортмунд ја качил цената на 20, а Јуве спушти на 25. Тоа значи дека уште само пет милиони евра го делат играчот од потпис, а можеби и тука ќе се најдат на средина.

Борусија Дортмунд засега е најсериозниот кандидат да дојде до неговиот потпис. Тој е се помалку во плановите на Сари, а не беше пријавен ниту за Лигата на шампионите во групната фаза, па од тука тој најави заминување, и покрај тоа што Јувентус сака да го пријави за нок-аут мечевите од ЛШ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата