По серија од три меча без победа, Борусија (Д) го смени тренерот и се враќа со гостински триумф од Бремен. „Милионерите“ вечерва славеа против Вердер со 2:1 и успеаја да ја прекинат лошата статистика од минатите три меча на кои имаа два порази и едно реми. Со головите на Гереиро и на Марко Ројс, Борусија (Д) успеа да го скрши отпорот на домашните, кои влегоа во црна серија од четири последователни порази.
Пред голем успех беа и фудбалерите на Унион Берлин, кои вечерва на гостувањето кај Штутгарт водеа со 2:0, но дозволија во самата завршница на мечот да примат два гола и да останат без голема победа. На крајот домашните се спасија со 2:2 со што останаа со идентично бодовно салдо како и малиот состав од престолнината.
ВЕРДЕР – БОРУСИЈА (Д) 1:2
ШТУТГАРТ – УНИОН БЕРЛИН 1:2
БУНДЕСЛИГА: 12. КОЛО
Ајнтрахт (Ф) – Борусија (М) 3:3
Херта – Мајнц 0:0
Штутгарт – У. Берлин 2:2
Вердер – Борусија (Д) 1:2