x

Милик е замената за Игуаин во Јувентус

Очигледно дека Гизнало Игуаин одамна престана да биде битен фактор во тимот на Јувентус, па отаму и огромниот број на шпекулации за негова замена во „Старата дама“.

Се набројуваат многу имиња, а последно е дека на местото од аргентинецот кому Јуве очигледно му бара нова дестинација, ќе пристигне Аркадиуш Милик. Сегашниот напаѓач на Наполи вреди околу 50 милиони евра, тема на која што двата клуба веројатно ќе најдат заеднички јазик.
Милик има 26 години во моментов и е во зентитот на својата кариера. Почна не така добро во Наполи кога пристигна од Ајакс во 2016 година, но потоа се си дојде на свое место па тој на 110 мечеви постигна 46 гола.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата