x

Милер беше на „излезна врата“, а сега испиша историја за Баерн и Бундеслигата

Искусниот Германец, Томас Милер, кој до пред заминувањето на Нико Ковач од клупата на Баерн Минхен беше на „излезна врата“ и се очекуваше да го напушти клубот, сега доживува ренесанса.

Милер денеска му асистираше на Џошуа Зиркзе за првиот погодок во 2:0 победата над Волфсбург и со тоа стигна до 11 асистенција во 17. кола од Бундеслигата сезонава.

Ваквиот учинок истовремено го направи Милер првиот фудбалер во историјата на Баерн Минхен и на Бундеслигата да постигне 11 асистенции.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата