Земјотрес кој во неделата го погоди Загреб и неговата околина зад себе оставил бројни оштетени куќи и згради. Исклучок не била и зградата на Медицинскиот факултет во Загреб, која е прилично оштетена.

Снимки од надзорни камери покажуваат што се случувало во моменти на потресот, а на многумина внимание привлекле неколку мачки.

Пред самиот потрес мачките со молскавична брзина побегнале од згради. Дури 15 секунди после нив од зграда истрчал човек.

 

Многу Загрепчани во последните денови на социјалните мрежи сведочеле за однесувањето на своите миленичиња пред потресот.

“Моето куче трчаше по соба и лаеше како лудо неколку минути пред потресот. Ме разбуди со што излетав од кревет, опишала една Загрепчана

“Нашето куче скокаше преку нас, по нас, се качуваче и спушташе, се криеше… Немавме поим што му се случува. Подоцна ми стана јасно, додава друга.