x

Милевски со дополнителен повик за Мартин Стојанов од Брегалница!

martin-stojanov-reprezentacija

Со оглед на проблемите со играчкиот кадар во У-21 селекцијата, селекторот Благоја Милевски денеска упатил дополнителе повик за младиот напаѓач на Брегалница Мартин Стојанов кој веќе подолго време игра во фантастична форма. Офанзивецот е повикан за утрешниот квалификациски меч на нашата млада репрезентација против Црна Гора. Колку за потсетување, од таборот на штипските. “сини“ Милевски на списокот ги има и Кристијан Ацковски и Давид Денковски, а тука е и Бојан Миовски од МТК кој потекнува од Брегалница.

Инаку натпреварот меѓу Македонија и Црна Горан се игра утре со почеток од 13:30 часот на теренот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, на комплексот “Петар Милошевски“. Ова ќе биде последен меч од овој квалификациски циклус за нашата млада репрезентација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата