x

Милевски остана без уште еден фудбалер

milevski

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре патува за Израел, каде ќе го одигра претпоследниот квалификациски дуел за Европското првенство.

Пред заминувањето, селекторот Благоја Милевски се соочува со проблеми. По Агрон Руфати, во составот ќе го немаме ниту Есмин Личина, кој останува во Скопје. Ова значи дека Македонија против Израел ќе биде без двајца стопери.

Дуелот е закажан за во четврток. Македонската репрезентација до 21 година е на второто место во групата 6 од квалификациите за ЕП со 14 бода. Израел има 12 на третото место, Шпанија е прва со 22. Црна Гора е петта со седум освоени бодови, зад Казахстан со 10. Последен е Фарски Острови со шест бодови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата