x

Милевски: Момците покажаа дека имаат потенцијал, тоа ми дава право да бидам оптимист пред Шпанија

milevski-suspenzija-2

Македонската репрезентација до 21 година почна со подготовките за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство. Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 3. септември ја пречекува Шпанија (18:45 часот, Национална арена „Тодор Проески), додека на 8. септември гостуваме на Фарски Острови.

Милевски повика 24 играчи на списокот на фудбалери, шестмина се дебитанти, отпаднаа Јани Атанасов и Емил Абаз (сеуште без клубови) и  Хајдари поради повреда.

За предводникот на оваа најдежна генерација, најважно е сите играчи да останат здрави. Вели дека неговите момци имаат потенцијал да се носат со една репрезентација како што е Шпанија.

„Најважно е сите играчите да бидат здрави, сето она што е потребно за дуелот со Шпанија ќе го договориме во од. Што се однесува до самиот меч, по промената на системот на натпреварување, и кој и како ќе се квалификува на Европското првенство, не ни останува ништо друго освен на овие квалификации да одиме на победи, и да собираме што повеќе бодови. Момците покажаа дека имаат квалитет и потенцијал да се спротистават на можеби најдобрата репрезентација во Европа, тоа ми дава право да бидам оптимист за овој натпревар. Некои сегменти треба да се поправат, и се надевам на оваа средба ќе одиграме онака како што планираме, согласност со потенцијалот со кој располагаме.

Што се однесува до тактичкиот план, момците одиграа феноменално, голот што го примија е резултат на мала деконцетрација и индивидуални квалитети на противникот, сето останато беше како што планиравме најважно е да сме физички подготвени и физички да одговориме на предизвикот што ни претстои“, изјави Милевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата