Претседателот на Либарално демократската партија, Горан Милевски ја критикуваше одлуката на министерот за здравство, Венко Филипче за задолжително вакцинирање на децата. Тој на својот Фејсбук напиша дека никој нема право да ги уценува родителите да ги вакцинираат нивните деца.

„Правото на избор, слободата на одлучувањето, се основни човекови права загарантирани со Уставот и никој несмее да ги наруши. Никој нема право да ги уценува и присилува родителите да ги вакцинираат своите деца. Образованието треба да биде достапно за сите а во 21 век да им се заканувате на родителите дека децата ќе им останат неписмени ако не се вакцинираат е срамота. Ги отфрлам ваквите најави и жестоко ќе се спротивставам на козервативизмот кој се промовира. Ова е класична дискриминација. Либералното општество мора да победи“ напиша Милевски.

извор: Makfax