x

Милевски: Браво момци, повторно нѐ направивте горди

milevski

Македонската репрезентација до 21. Година се врати од гостувањето во Израел каде што н апретпоследниот меч од тековните квалифуикации одигравме 1:1, и ги задржавме во целост шансите на крајот од оваа кампања да бидеме втори. Тоа во моментов ни е основната цел, иако можеме да жалиме за грстот пропуштени шанси низ мечевите.

„Пред било што да кажам во врска со нашиот меч во Израел би сакал да и честитам на Македонската фудбалска репрезентација за пласманот на следниот Европски шампионат. Браво момци, повторно нѐ направивте горди, нас, целата нација која стои зад вас и се гордее со вашиот успех“ – ни ијзави селекторот Милевски, па потоа продолжи.

„Што се однесува во нашиот меч можам да го кажам следново. Одново покажавме добра карактеристика во начинот на кој функционираме. Одново се враќаме од негатива, одново реагираме на овој момент како што треба. Првото полувреме го одигравме лошо, но за разлика од прретходно, за прв пат во овие квалификации, измените го направија она за што беа направени. Што се однесува до пеналот, немам никакви замерки, јас одредувам кој ќе шутира, и стојам зад секоја моја одлука. Општо земено сум задоволен, и се надевам дека ќе продолжиме со добра игра и против Црна Гора. Конечно, сметам дека второто место за нас во групата кое ќе се обидеме да го обезбедиме е голем успех, за нас, а да не се променеше форматот на кои ги играме овие тековни квалифкации, нештата ќе беа веројатно многу поинакви“ – завршува селекторот Милевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата