x

Милвоки има една трансфер цел – Крис Пол

chris-paul

Ѕвездата на Оклахома Сити Тандер, Крис Пол најверојатно нема да остане во својот досегашен тим. Во периодот на пауза до новата сезона, експертите активно разговараат за можните опции за продолжување на кариерата на искусниот кошаркар. Гласини велат дека Пол може да се пресели во Милвоки Бакс и да биде големо засилување за тимот на Јанис Адетокумбо.

Според експертите на ЕСПН, за да го потпишат Пол, Бакс ќе мора да се разделат со четворица играчи, Ерик Бледсо, Ерсан Илјасова, Робин Лопез и Д.J. Вилсон.

Сепак, проблем може да биде возраста на Пол, кој веќе има 36 години, како и високата плата. Но во оваа позицијата, за Милвоки ова е оптимална опција за сериозно засилување.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата