x

Милан Rистовски со понуди од Падерборн и АУЕ

Македонскиот младински репрезентативец Милан Ристовски е на раскрсница што се вели кога станува збор за неговата кариера. Игра одлично во дресот на словачка Нитра, постигна десетина голови сезонава, и тоа го прави примамлив за многу екипи.

Тој е под договор со Ријека, но хрватите не му дадоа шанса кога напаѓачот беше дел од тимот, па сега се поставува прашање колку Ристовски сака да се врати таму. Од друга страна пак, германските медуми најавуваат дека екипата на Падерборн која сезонава испадна од најдобрата прволигашка конкуренција го има во план нашиот интернационалец како можно засилување летово, а конкуренција во тоа има во екипата на Ауе.

Ристовски ќе треба да реши набргу што и како понатаму, затоа што продолжи ли со головите и добрите игри многу бргу ќе ја надмине Нитра и Словчка како фудбалска средина.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата