x

Милан со почесна титула за легендарниот Франко Барези

barezi

Милан како клуб секогаш ги ценел своите легенди, и така е во случајот со Франко Барези.

Легендарниот капитен на Милан, целата своја кариера ја мина во дресот на „росонерите“, па токму затоа деновиве клубот му додели специјална титула, почесен потпретседател.

Ова се случи на годишнината од неговиот последен одигран меч пред 23 години.

Барези и Милан имаат нераскинлива конекција, а тој е сериозен авторитет во клубот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата