x

Милан победи на крилата на Ибрахимовиќ, Донарума 200-ти пат на голот (видео)

ibrahimovic-2

Екипата на Милан продолжува да блеска по паузата поради коронавирусот. „Росонерите“ нанижаа девет меча без пораз, а вечерва ги впишаа трите бода на гостувањето кај Сасуоло (2:1). Двоен стрелец за Милан беше Златан Ибрахимовиќ, додека за домашните стрелаше Капуто од пенал. Сасуоло во последните секунди од првиот дел остана без Бурабија кој доби втор жолт картон, па во вториот дел му ја олесни задачата на Милан.

На само 21 година, Џанлуиџи Донарума го запиша 200 меч за Милан. Интересно, првиот меч за Милан го запиша во октомври 2015 против Сасуоло и тогаш имаше 16 години и 242 дена.  Пет години подоцна го запиша 200-тиот меч пак против Сасуоло.

Милан сега е на петото место кое води во групите на Лига Европа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата