На есен ќе се емитува неговата прва авторска емисија!

Познатиот водител Милан Калиниќ е ново лице на забавно музичката телевизија К1, каде што на есен ќе се емитува неговата прва авторска емисија “Преживеани“

Новина е дека преминува на К1, телевизија која е во сопственост на Жељко Јоксимовиќ, Милан потврдил гостувајќи во емисијата “Кец на единаесет“.

– Подготвувам свој авторски серијал со назив “Преживеани“. Во август тргнуваме со студиски снимања, а ќе се емитува кон крај на септември или почеток на октомври. Нема да откривам која е темата, но е доста интересна – рекол Калиниќ.

Иако со водителство почнал да се занимава случајно, овој глумец својата кариера ја изградил во бројни култни формати као што се Руски рулет, Се за љубов, Големиот брат, Излези на линијата и Игра со звездите.

– Сега ќе го гледата поразличен Милан Калиниќ. Ќе работам со познати, од нив ќе слушнете некои работи за кои досега не сте знаеле. Тоа е доста тешко, и од тоа најмноги се плашев. Но, гостите се согласија да зборуваат – открил Милан.

За впечатоците од К1 телевизија вели:

– Најнапред се воодушевив од естетиката. Ова е телевизија која моментално визуелно е најатрактивна на овие простори. Млада е, но веќе оди напред со цврсти и сигурни чекори. Драго ми е што сум дел од сето тоа, дека доаѓаат други луѓе, дека не има се повеќе и повеќе, а ќе има и други изненадувања и трансвери.

Инаку Милан Калиниќ со години е еден од заштитно лице на ТВ “Пинк“.