x

Милан и Арсенал се „тепаат“ за унгарскиот бисер, но интересот на Реал може да расипе сѐ

soboslai

Долго време Милан и Арсенал се во трка за унгарскиот талент од Салцбург, Доминик Собослаи кој игра во голема форма. Собослаи вчера го постигна победничкиот гол со кој Унгарија обезбеди пласман на Европското првенство, а денеска се шпекулира дека и Реал Мадрид се вклучува во трката.

И, тоа, не само што се вклучува, туку сега избива и како фаворит за потписот на Унгарецот.

Освен Арсенал и Милан, и Борусија Дортмунд има во план да тргне по неговите услуги, особено што во своите редови го имаат најсилниот адут Халанд, кој пред неколку дена истакна дека би сакал да го види Собослаи во редовите на Дортмунд.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата