x

Милан за 20 милиони купува играч од Втора лига?!

Златан Ибрахимовиќ заминува, а на Милан му е потребен нов напаѓач. Клубот во изминатите сезони не се прослави со напаѓачите (Калиниќ, Пјонтек, Игуаин, Силва, Лападула, Луис Адријано…), а сега нивна цел е 22-годишниот Николас Гонзалес. Се работи за Аргентинец кој настапува за германскиот второлигаш Штутгарт. Во изминатата сезона тој имаше солиден ефект, во 27 натпревари постигна 14 голови. Тој беше еден од најзаслужните што популарните „шваби“ идната сезона ќе играат во Бундес лигата.

Наводно „росонерите“ за него се спремни да дадат 20 милиони евра, што би било одлично за Штутгарт за стабилизирање на финансиите со оглед на тоа дека претходно го платија овој играч 8,5 милиони евра за да го купат од Аргентинос Јуниорс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата