x

Милан го потпишува Тонали следнава недела

tonali

Сандро Тонали следната недела треба да го комплетира трансферот во Милан, бидејќи Интер се повлече од преговорите со Бреша за младиот италијански репрезентативец, објави Калчомеркато.

Интер имаше договор со Бреша да го добие на позајмица со опција да го купи на крајот на сезоната за вкупно 35 милиони евра, но по најавите дека Милан се вмеша во трката за него, тренерот Антонио Конте реши да тргне по други засилувања.

Милан и Паоло Малдини се покажаа како пресудни во разговорите лице в лице со Тонали, како и со Бреша, при што претседателот Масимо Челино го прифатил „дилот“ со „росонерите“. Интер сега ќе тргне по Видал, а Манчестер Ј. кој исто така се споменуваше како заинтересирана страна за Тонале, се уште не излегла со понуда.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата