x

Милан го определи буџетот за Рангник!

Раководството на Милан, барем според пишувањето на “Газета“, го определи буџетот со кој новиот стратег Ралф Рангник ќе може да купува нови играчи ова лето. Станува збор за сума од 75 милиони евра и плус 50% од сумата која ќе биде добиена од продажбата на одредени играчи. Германецот, кој го раскина договорот со Лајпциг каде беше спортски директор, ќе ги има сите можни овластувања во работата со првиот тим, како и конечната одлука при трансферите.

Се очекува во наредниот период под водство на Рангник, некогашниот европски првак конечно да се врати на старите, шампионски патеки, или барем да се приближи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата