x

Милан го одби ПСЖ: Малку се 30 милиони за Бенасер!

Италијански Милан ја отфрли првата понуда на Пари Сен Жермен од 30 милиони евра за играчот од средниот ред Исмаел Бенасер, пишува француски „le10sport.com“. Францускиот првак сака да го ангажира алжирскиот репрезентативец но се чини дека бизнисот тешко ќе оди затоа што „росонерите“ поставија висока цена.

Како потсетување Милан го купи Бенасер од Емполи за 16 милиони евра минатото лето непосредно пред Африканскиот куп на нациите на кој овој играч беше прогласен за најдобар на првенството. Оваа сезона одигра 23 натпревари за Милан и беше важна алка во средниот ред.

Според информациите од Италија, Милан нема да се откаже од 22-годишниот фудбалер за понуда помала од 40 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата