x

Милан го враќа Бобан за спортски директор!?

boban

Само неколку месеци откако си замина од функцијата, легендарниот Звонимир Бобан би можел повторно да го превземе местото на спортски директор во Милан, пишува „Ла Република“.

Бобан имаше несогласувања со Иван Газидис, и тогаш обвинуваше дека му работат зад грб, откако како прв тренер требаше да дојде Ралф Рагник.

Меѓутоа според пишувањата, сега сите проблеми биле надминати, и Хрватот е подготвен да се врати на старото место.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата