x

Милан ги повика странците да се вратат во Италија

Екипата на Милан, им испратила пораки на странските фудбалери кои се надвор од Италија, да се вратат во Милано, за екипата да може да почне со тренинзи.

Со оглед дека по враќањето ќе мора да минат во 14 дневна изолација, тоа значи дека тимот би почнал со тренинзи најрано на почетокот на мај, а потоа ќе треба 2-3 недели тренинзи за да продолжи првенството.

Истото веќе го сторија неколку клубови, а се очекува да го сторат и останатите.

Фудбалот во Италија се очекува да се врати крајот на мај или почетокот на јуни, а се поизвесно е дека ќе се игра без публика.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата