Легендарниот музичар, 73-годишниот Мик Џегер, ќе и даде 2,5 милиони долари на 29-годишната балерина Мелон Хамрик која чека дете од него. Пред еден месец се дозна дека таа е бремена од фронтменот на култната група „Ролинг стоунс”.

Оваа сума ќе биде наменета за одгледување на неговото осмо дете. Но парите балерината нема да добие наеднаш, туку Џегер ќе и дава по 15.000 долари секој месец до полнолетство на нивното дете.