Во Америка но и во светото, копјата на публиката се кршат околу двете поп принцези Бритни Спирс и Кристина Агилера. Двете се тркаат која попрво ќе направи скандал, ќе ги преплави медиумите со своите синглови, спотови, но и глупости. И двете имале сличен почеток во светот на славните. На пример: Кристина Агилера е родена на 18 декември 1980 година, но зата што татко и бил војно лице, често морала да се сели во Јапонија, Флорида, Тексас, Њу Џерси, Пенсилванија. Големо влијание врз неа имала нејзината музикална мајка, која свирела на клавир и виолина Кристина Агилера со својот убав и едноставен глас често пеела во музички емисии за деца, ја пеела националната химна на различни свечености и учествувала на музички натпревари. На 12 години учествувала во емисијата “Нов клуб на Мики Маус”,каде што ги покажала своите гласовни и танцувачки можности. Е, овде ја запознала Бритни Спирс, со која денес само се расправаат по медиумите, таа е ваква, таа е онаква.. Темпераметната Кристина додека престојувала во Јапонија, снимила дует со тамошната национална ѕвезда – Кеизо Наканисхи. Тогаш прв пат отишла на турнеја. Кога во 1998 година се вратила во Америка, ја снимила песната “Рефлецтион” за Дизниевиот цртан филм “Мулан”. Оваа песна ја снимила во дует со Витни Хјустон и била номинирана за “Златен глобус” за најдобра песна во цртан филм. Од 1998 до сега има издадено осум албуми, кој од кој поуспешен. Нејзината вртоглава кариера станува сон на американските тинејџерки. Нејзина најдрага песна е ”I turn to You”. Понекогаш снима и на шпански поради своето шпанско потекло (татко и е од Еквадор). Добивала и понуди за улоги во филмови, но тоа го остава на страна, но сепак, се појави во една епизода на популарната анимирана серија “Симпсонови”. Импресионирана од својот идол Мерилин Монро на времето велеше дека како неа и таа е лузер во љубовта. – Сите момчиња кои ги имав порано ме лажеа, ме изневеруваа…но, само Џордан Бретмен, е прв кој минатата година и го промени тоа мислење за машкиот свет. Со што најмногу провоцира Агилера? Најмногу со својот шокантен секси-имиџ на сцена, разголените, и голи фотографии, и заради тоа медиумите често ја нарекуваат “кучка”. Дали е така? Тоа, најверојатно, самата си го знае најдобро… (Ва.Ѓ.)