Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, обвинува дека нејзината заменичка Санела Шкријељ  свесно ја опструира работата на министерството.

„Дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ изминатиот период со сеење на страв, заплашување и уцени, пробува да го попречи извршувањето на работните задачи на вработените во Министертвото за труд и социјална политика. Вработените се во постојан стрес и страв поради заплашувањата кои секојдневно ги добиваат од дополнителната заменичка и поради тоа истите се плашат да соработуваат и да ги извршуваат своите редовни работни задачи“, рече Мизрахи.

Непознавањето и непочитувањето на Законот за влада, додаде таа, дополнителната заменик министерка Шкријељ го потврдува преку меил комуникацијата и преку незаконски и беспредметни дописи до вработените во министерството.

извор: Makfax