Oвие компании во моментов имаат креирано 5300 работни места, реферираше директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо на отчетот.

– До крајот на годината нивниот план е да додадат уште дополнителни 1800 работни места, што значи дека оваа бројка ќе биде 7.100 луѓе во зоните, само од оние компании кои во моментов се таму присутни. Значи само во зоните 7100 нови работни места, но во моментот кога овие компании ќе стигнат до оптимаплата вредност на нивните бизнис планови ќе бидат вкупно креирани над 16 ипол илјади работни места само од овие 23 компании, рече тој на отчетот на владејачката партија.