Најмалку пет мигранти се вселија во станот на Радован Караџиќ во Сараево, објавија босанските медиуми.

Медиумите ги пренесуваат изјавите на соседите дека мигрантите влегле во еден од становите во зградата на чие приземје се наоѓа станот на Љиљана Караџиќ-Зелен, сопругата на Радован Караџиќ, а на некој кат повисоко и станот во кој живееле Караџиќи до пролетта 1992 година.

Соседите тврдат дека виделе дека мигрантите влегле во еден од становите и таму се сместиле.

Како што најавија медиумите, досега никој не повикал полиција.

извор: Makfax