Во близина на неготинското село Криволак, во текот на вчерашниот ден четворица разбојници нападнале четворица мигранти од Индија.

Како што информираат од МВР, сторителите им одзеле 950 евра и четири мобилни телефони.

Во врска со настанот, под сомнение дека се извршители на разбојништвото, во неготинскаста полициска станица приведени биле двајца жители на селото Криволак на возраст од 27 години.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax