x

МЗТ се засили со Карачиќ

ivan-karacic

МЗТ се засили со кошаркар со славно презиме – Карачиќ. Иван Карачиќ, кој има исто презиме со ракометарот кој остави траен белег во ракометот, сега во истата сала ќе игра Иван.

Станва збор за кошаркар од БиХ кој кој во таборот на „металците“ доаѓа од полски Дабров. Тој ќе настапува до крајот на сезоната.

Игра на позицијата крило, а во МЗТ доаѓа по спогодбениот раскин со полскиот тим. Станува збор за повремен репрезентативец. Во минатото играше за Широки Бријег, и интересно е дека дебито може да го има токм против неговиот поранешен клуб во среда во АБА 2 лигата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата