x

МЗТ дефинитивно во АБА 2, Приморска дел од распоредот на АБА 1

Екипата на МЗТ Скопје нема да биде дел од АБА 1 лигата туку и натаму ќе биде дел од втората по ранг лига во ова натпреварување.

Ова е дефинитивно веќе откако АБА лигата предмалку го објави распоредот за следната сезона, а во него го има тимот на Приморска, кој што беше под знак прашалник за учевство.
Сега веќе тоа прашање не е тема, Приморска е дел од АБА 1 лигата, додека пак МЗТ ќе чека нова шанса за промоција во ранг погоре.
Со ова дефинитивно паднаа во вода сите планови на нашиот претставник во ова напреварување, дека е можна овогодинешна промоција во најдоброто друштво и аеродромци сега можат комотно да се сконцентрираат на подготовките за она што престои. А тоа е дефинитивно АБА 2 лигата.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата