Раскинавме пред речиси една година и од тогаш не ја тргам насмевката од лицето. Слободна. Конечно без тешки окови на рацете и без ланци кои ми ги кршеа крилјата.
Две и пол години ме малтретираше. Не само со ќутек. Не само со шлаканици и тупаници. Ме уништуваше и со зборови. Ме омаловажуваше, колнеше, исмејуваше.Правеше да се чувствувам безвредно. Како да не сум вредна за постоење.

За тоа време го лажев семејството, пријателите, познаниците. Им зборував дека животот ми е бајка затоа што се плашев да проговотам. Кога модриците беа толку страшни и не можеа да се сокријат со шминка, останував со тебе за да ме докрајчиш. На крајот не можев да се погледнам ниту самата себе си во огледало. Се сеќаваш што ми зборуваше тогаш? Ми рече дека сум ништо, дека си со мене од сожалување. Дека никој не би бил со мене затоа што сум дебела, грда и дека не вредам. Јас ти верував.Секој ден се повеќе и повеќе се уверував во твоите зборови.

Затоа и останав со тебе. Не верував дека заслужувам подобро, мислев дека не можам да постигнам ништо. Но, тој страв ја ојача. Секој ден се будев исплашена,а на крајот стравот беше мое секојдневие. Ти благодарам што ме научи што е храброст. Се сеќаваш ли на оној јануари кога после една караница ме фрли на подот од дневната соба. Почнав да крварам од главата, но ти ниту тогаш не престана да ме тепаш.Наместо тоа ме заклучи и ме остави сама во собата. Сакам да ти кажам фала.

Да не го направеше тоа, јас никогаш немаше да знам што е болка и немаше да им помогнам на сите оние девојки кои претрпеле тортура слична како мојата. Го фрли ѓерданот кој до добив од родителите за подарок, ме фрли од степеници, ме маваше со пегла за алишта, викаше по мене на улица, ми удри шамар на автобуска станица.

Ти благодарам за тоа. Сега сум посилна и знам да се борам.

Кога конечно раскинавме се повлеков во себе. Се плашев да излезам надвор за да не те сретнам случајно. Се плашев од луѓето, од работата, од нормалните животни ситуации. Се плашев да дишам. Се мразев самата себе си што сум толку скршена, не ни смеев да помислам да влезам во друга врска. Зарем повторно би требала да поминам низ сета таа мака?
После се, јас сум благодарна. Ме научи да бидам способна и појака од порано. Сега знам како да излезам на крај со се. После тебе, се е песна.

Сега знам дека ти си тој кој е безвреден, а јас сум вредна. Имам уште многу нешта да научам во животот, но најтешкиот испит го положив. Можам да одам понатаму и сега тоа го знам. Фала ти што ме научи да ја ценам слободата, никогаш тоа нема да го заборавам.

Твојата бивша девојка