Мексиканката Бланка Кастро која била дел од сектата “Бранителите на Христос” која минатиот месец беше разбиена, реши да ја сподели својата животна приказна со јавноста, а при тоа и да открие застрашувачки факти за т.н Бранители.

Наводно, сектата ги присилувала жените на оргии, забранувала капење и ги терала луѓето да јадат живи животни. Гонзалес Де Ариба, лидерот на групата се гледал себе си како реинкарнација на Исус, а своите членови ги регрутирал преку интернет, велејќи им дека е алтернативен третман кој обезбедува ментална и физичка сила.

-До тој степен ве полудуваат, да дури се сомневате и во вашето име, изјавила на конференцијата Бланка Кастро, која била во брак со лидерот на групата.

-Ме присилуваа да јадам органи од живи животни. Но, знаете што? Кога сте гладни, ќе јадете се и сешто, додала таа,

Хигиена-забрането!

Според Бланка, лидерите на сектата им рекле дека хигиената е губење на време, по што капењето и миењето им биле забранети.

Бланка се омажила со Ариба во 2009-та година а како член на сектата често пати била силувана, присилувана на оргии и често била заклучувана. Во рамките на оваа група живеела 10 месеци, се до 2010-та кога успеала да побегне во Перу.


Гонзалес Де Ариба, лидерот на сектата

“Бранителите на Христа” е секта која е присутна во повеќе од 80 земји а брои повеќе од 14 илјади членови. Часовите на интернет се наплаќаат од 1300 до 130 илјади долари. Тие кои се подготвени да го платат максималниот износ, ќе се закитат со титулата “Апостолот на Исус”.