Целосно го контролирам мојот живот, вели еруптивната бабичка која денеска полни цели 65 години. Иако поп легендата е на заслужена пензија (или навидум е само така) и ужива со партнерот Ервин Бах во нивната заедничка вила во Швајцарија, таа е ултра активна во врска со новата компилација, најдоброто од Тина, која излезе на први ноември. Една од светски најпопуларните пејачки во историјата на музиката е родена како Ана Меј Булог во Браунсвил (Тенеси) на 26 ноември 1939. Кога имала 15 години нејзините родители се развеле. Во своите слатки 16 го запознава десет години постариот Ајк Тарнер, својот иден сопруг. Тој го забележал нејзиниот огромен талент и ја поканил во неговиот бенд “Кралеви на ритамот”. Во шеесеттите ги имале исклучителните хитови “Литтле Анн” и “А Фоол ин лове”. Песните имале одличен успех кај критичарите, но не и комерцијален успех. Во 1971 година мразот го пробил синглот “Проуд Марѕ”. Следните години за Тина биле многу тешки, албумите доживувале неуспех, а проблемите се продолжиле со разводот со Ајк. Големото враќање на музичката сцена го доживеа во 1984 година со албумот “Привате данцер” продаден во официјални десет милиони копии. Хитовите од овој албум “Њхат с Лове Гот то до Њитх ит” и “Тѕпицал Мале” со месеци биле на врвот на светските топ листи. Истиот тој албум беше причина што на Греми манифестацијата, Тина пред 150 милиони гледачи три пати грациозно излегла на сцената таа ноќ – како најдобра поп пејачка, рок пејачка и за најдобар албум. Со секој следен чекор се надминувала себе си. Голем бум направи и нејзиниот дует со Ерос Рамацоти “Цосе делла вита” пред неколку години. Како рок – жена досега е ненадмината. Со сензуалниот и силен глас, со екстра бомбастичоста на сцена ја сврте историјата. Во 1991 година таа и Ајк беа вклучени во Рок-ен-рол холот на славните. Голем гест беше што си ја напиша автобиографијата, која во 1993 година беше екранизирана. Главната улога во овој филм “Што има љубовта со тоа” и припаднала на Анџела Бесет.


МНОГУ ПАРИ, ТУРНЕИ И…НАСИЛСТВО Таа е кралица на рок-ен-ролот, но освен тоа денес е и баба, актерка, будистка и пред се силна преживувачка. Имала тешко детство на фармата Нат Буш, во Тенеси. -Сакам да скокам на сцената, рекла кога го запознала Ајк. Но, не и кажала на мајка си Зелма дека таа и сестра и навечер настапуваат во група. Еден ден се јавил Ајк: “Малечката Ана ако е слободна нека дојде да снимиме песна”. Тој со тоа и ја открил тајната. Но мајка и го искарала: “Ана е ученичка и нема веќе пеење”. Ајк неколку дена потоа со розов кадилак ја зел од куќата, ветувајќи и на Зелма: “Не грижете се, ќе и бидам како постар брат”. Нешто подоцна Тина има бебе со нејзиниот “постар брат” и се селат во Сент Луис, па на Менхетн. Меѓу љубовта и соработката почнуваат и несогласувањата, па со модринки пеела на сцена. Меѓу разделбите и враќањата Ајк станува татко и на нејзиниот втор син. Во 1962 во Тинуана ја моли да се венча со него и таа ќе го послуша. Тина со него била затвореник, но на сцената се трансформирала во победник. “Им покажувам на луѓето што имам длабоко во мене”, рекла најекспресната рокерка.


ГОРЧЛИВО ПАРЧЕ ЧОКОЛАДА Тигрица, леопард, лавица, “разбеснета рок баба”, се зборови кои мас- публиката ги врзува за неа. Во 1969 оди на турнеја со “Ролинг стоунс” низ Америка и дефинитивно станува кралица. Но работите со Ајк, едноставно не одат. По еден концерт во Далас, Ајк ја чекал на аеродромот и и понудил парче чоколада, кое таа го одбила. Ајк почнал да ја тепа, но силната жена овој пат не попуштила. Продолжува сама низ животот. По разводот станува будистка и секој ден ги повторува магичните зборови: “Нам, мѕо, хо, ренге, кѕо”. На 34-годишна возраст Кен Расел ја повикува да игра во историскиот рок мјузикл “Томи” покрај Ерик Клептон, Елтон Џон, Џек Николсон и Ен Маргарет. Во 1978 е завршена судската парница и со тоа се кине брачната слика на Тина и Ајк. Следната година ја прифаќа поканата за гостување во ТВ шоуто на Оливија Њутн Џон во Австралија, каде го запознава нејзиниот менаџер Роџерт Девис, 27-годишен Австралиец со свежи идеи и нејзин голем фан. Почнуваат да работаат заедно. Во летото 1981 Тина е сосема нова, со нов бенд, нови песни, нова облека, со препознатливото кусо здолниште над извајаните нозе. Менаџерот Дејвид му се јавил на сопственикот на хотелот Риц и му рекол: “Сакаме Тина да пее таму, без оглед дали ќе платите или не”. Трите шоуа на Тина во Риц направиле чудо. Пријателството со Дејвид биле основа за рок дивата на своите 44 години повеќе време да помине во Австралија. Се враќа кога режисерот Спилберг и нуди да се појави во филмот “Тхе цолор Пурпле”. И повторно пее, создава нови хитови, прави светски турнеи… Денес таа снима со извршниот продуцент Ервин Бах со кого живеат среќно во Цирих во вилата на југот на Франција. Иако по турнејата во декември 2000 и нејзиното последно шоу во калифорнискиот град Анахајн пресече: “Доста е”, пак ја фаќа желбата да запали оган на сцена. Не се стеснува да си каже дека уште сака да дивее и да снима: “Па, зошто ме забавувате? Јас само што почнав… “А, за волја на вистината, никој не се осудува да ја спречи”.


Валентина Ѓоргиевска