x

Меѓу стрелците на последните 82 гола за “волците“ ниту еден Британец, но далеку е рекордот!

volci

Неверојатна низа, или неверојатен податок кој се однесува за членот на Премиерлигата, тимот на Вулферхемптон. Тим кој што вечерва го победи Челзи со 2:1 и тоа откако губеше со 0:1. А тој податок вели дека меѓу стрелците на последните 82 гола за “волците“ нема ниту еден Британец.

Последен пат некој домашен фудбалер постигнал гол за овој тим на 12 јануари 2019 година, или пред две години, кога стрелаше Рајан Бенет.

Но ова е далеку од рекордот кој го држи Арсенал. Клубот од Лондон во периодот од октомври 2005 па до февруари 2008 година, кога беа постигнати дури 171 голови во Премиерлигата, ниту еден од нив не беше дело на Британец или домашен играч.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата