Вдовицата на Шабан Шаулиќ, Гордана, меѓу првите била поканета од Цеца Ражнатовиќ која требала да присуствува на свадбата на Вељко и Богдана, чија прослава се одвива попладнево.

Меѓутоа како не е помината една година од трагичната смрт на нејзиниот сопруг, кралот на народната музика, Шаулиќ љубезно се заблогодарила на поканата и порачала дека не е во состојба да присуствува на веселбата, што Цеца потполно ја разбрала.

Сепак Гоца ги испочитува младите и колешката на Шабан, па утрово им упатила честитки и подарок, посакувајќи им се најдобро во животот.