Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, се обрати на свеченото отварање на 4 по ред Меѓународна Конференција за управување со отпад со наслов „Комуницираме за управување со отпад“, што се случи вчера вечер во црквата Света Софија во Охрид.

Конференцијата е во организација на ‘Македонската асоцијација за управување со цврст отпад’ (MaSWA) и денес продолжува во Струга.

Целта на конференцијата е да покаже дека бизнис заедницата и државните органи, вклучувајки ги секако тука и невладиниот сектор и медиумите, се подготвени да комуницираат и соработуваат со една заедничка цел, а тоа е заштитата на животната средина.

На отварањето се обратија и претседателот на MaSWA Даниела Нелепа, евроамбасадорот Самуел Жбогар и претседателот на Меѓународната асоцијација за управување со цврст отпад Антонис Мавропулос.

Во пресрет на националната конференција министерот Нуредини учествуваше и во акцијата за чистење на Охрид и Охридското Езеро, која се организираше под покровителство на ‘ЕУ за ТЕБЕ’, а во присуство на евроамбасадорот Самуел Жбогар.

извор: Makfax