Македонскиот ракометен шампион Вардар утре (20.30 ч.) во „Јане Сандански” го пречекуваат Белорускиот Мешков Брест, во натпреварот со кој ќе биде отоврењна новата сезона во Регионалната СЕХА лига. Белорускиот шампион ќе биде првата проверка за новиот тим на тренерот Раул Гонзалез, кој на шести септември ќе го одигра идерби натпреварот во ова натпреварување против реконструраниот македонски вицешампион Металург.

-Почнува новата сезона во СЕХА и тоа со нетпрение го очекуваме. Имавме добри подготовки во Словенија и контролен турнир во Белорусија. На стартот имаме многу тежок меч бидејќи се соочуваме со екипа која е меѓу најдобрите во лигата и учесник на завршните турнири во СЕХА. Сепак, ние имаме свој систем на игра и план како да играме утре и ќе се држиме до него за да ги надмудриме нивните интелигентни и физички силни ракометари – изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Во новата сезона во СЕХА лига ќе се натпреваруваат десет екипи. Прв пат во регионалното натпреварување ќе играат два тима од Словенија, Целје и Горење. Но, и во оваа силна конкуренција, македонскиот шампион стартува со јасн цел – атак на третата титула во СЕХА.

-СЕХА во новата сезона е квалитетна како никогаш досега, но Вардар како и секогаш, ќе цели кон првото место. Брест е посилен од минатата сезона и мора да бидеме внимателни. Ќе го дадеме макисмумот да дојдеме до победа, најави новиот капитен Стојанче Стоилов.

Натпреварот Вардар – Месков Брест според календарот е во рамките на 5.коло, но двете екипи се договорија да го одиграат порано. Натпреварите од 1.коло во СЕХА почнуваат од 3 септември, во ова коло на 6 септември е првото македонско дерби меѓу Металург и Вардар.