Маж на возраст од 48 години од Котор Варош во БиХ бил нападнат од мечка, при што дивото животно му го откинало стапалото и дел од потколеницата, а утврдени се и каснувања на рацете и нозете. Здравствената состојба на 48-годишникот е стабилна, пренесува Klix.ba.

Човекот бил хоспитализиран на Клиниката за ортопедија и трауматологија. Доктор Милорад Маран изјавил дека пациентот има каснувања од мечка на десната подлактница и потколеница, како и скршеница на десната рака, и дека тој ќе биде задржан на понатамошно болничко лекување.

Пациентот е донесен во болницата вчера во раните утрински часови околу 2.45 часот. Според досегашните информации, мечката го нападнала додека тој бил на нивата.

извор: Makfax