x

Мечевите против Италија и Естонија презакажани за февруари 2021

sobir_seniori_noemvri

Машката сениорска репрезентација ќе се врати од балонот во Талин без да одигра официјален натпревар како резултат на зголемен број на членови на делегацијата позитивни на ЦОВИД-19.

Меѓународната кошаркарска федерација, ФИБА, земајќи ја предвид новонастанатата ситуација со особено внимание на безбедноста на сите учесници и спречување на понатамошно ширење на вирусот донесе одлука да ги одложи двата натпревара кои нашите репрезентативци требаше да ги одиграат вчера односно утре.

Па така, сениорите ќе се вратат од Естонија без да настапат, а натпреварите против соодветната репрезентација на Италија односно Естонија ќе бидат одиграни за време на третиот и финален прозорец од овој евроквалификациски циклус, предвиден да се одигра во уште еден балон во февруари идната година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата