x

Мециновиќ: Не криеме, Струга ТЛ и во Ѓорче ќе оди на победа!

jasmin-mecinovic

 

По одличната игра и победа над Шкупи со 2:0 во минатото коло, екипата на Струга Трим Лум која е во победнички ритам, утре во Ѓорче му гостува на Македонија ЃП.

Ова е натпревар од 8.коло во ПМФЛ, меч кој започнува од 15 часот. Свој коментар за утрешниот дуел со “лавовите“ специјално за СПОРТМЕДИА  има Јасмин Мециновиќ, искусниот стопер, еден од најдобрите фудблери на Струга Трим Лум и воопшто во ПМФЛ.

„Не криеме дека и утре во Ѓорче одиме на победа и три бода. Тоа е нашиот стил сезонава, без разлика против кого и каде играме, Струга Трим Лум оди на победа. Така ќе биде и на дуелот со Македонија ЃП која мора да се почитува, посебно кога игра на свој терен, тоа е типично домашна екипа. Реков, ние си имаме свои сметки, знаеме што сакаме и знаеме што треба да сториме за да дојдеме до тоа што го сакаме. Играме добро, тимот е во победнички ритам и убаво ќе биде претстојната пауза да ја дочекаме со нови три бода“ изјави Мециновиќ.

Инаку поради повреда во составот на стружани нема да настапи Марјан Алтипармаковски, а настапот  на Дејан Цветановски  е под знак прашалник. Експедицијата на стружани вечерва ќе претстојува во карантин во еден од скопските хотели, со цел во една мирна и релаксирана атмосфера го дочека мечот со Македонја ЃП.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата