Метју Меконахи наскоро ќе ја испромовира првата модна линија која ја има дизајнирано, а која го носи името JKL. Името доаѓа од неговата добротворна организација Just Keep Livin, а станува збор за спортска облека за која добил инспирација од секојдневниот активен живот.

“Не сакам да се преслекувам по 100 пати на ден. Сакам да облечам нешто што ќе го носам 12 часа на мене. Не сакам формална облека, па затоа се решив мојата линија да ја направам по мене и по она што јас го сакам и ми треба”, рекол познатиот актер и додал дека неговата облека е наменета за мажи кои се чувствуваат сигурно и секси кога се облечени во фармерки и маица.