Метеорот кој минатата недела предизвика паника и хаос во Русија е поголем од кажаното. Минатиот петок на небото на Русија се појави метеорски дожд кој експлодира над Урал и повреди повеќе од 1000 луѓе.

Руските власти тогаш известија дека станува збор за метеорит, тежок 10 тона, но најновите податоци од НАСА говорат нешто друго. Според најновите пресметки, рускиот метеорит тежел повеќе од 10 илјади тони, т.е дури 1000 пати повеќе од проценките на Русите.
Наводно, НАСА дошла до овие податоци со мерење на акустични податоци од страниците ширум светот.