x

Металург тренираше во Цирих, подготвен е за дуелот со Криенс! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

meta-1

Откако тестовите за Ковид-19 беа негативни, експедицијата на Металург денеска отпатува за Швајцарија, каде што утре во Цирих ќе го одигра реванш мечот од второто квалификациско коло во Европа лигата против Криенс. Металурзите по кусиот одмор веднаш го одработија и последниот, оној вообичаен тренинг, со цел се аклиматизираат на салата „Саалспортхале“, каде што утре во 18:45 часот ќе ги бранат тие два гола предност обезбедени од првиот меч во Скопје.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата