x

Металург со комплетен состав против Фајверс

metalurg

Вчерашното тестирање на нашите ракометари и на стручниот штаб покажа негативни резултати и Металург е подготвен за вечерашниот дуел со екипата на Фајверс, одложениот натпревар од четвртото коло на групната фаза на Лига Европа.

Најголем проблем на екипата секако останува долгата пауза поради двојниот карантин, малиот број на тренинзи и моменталната форма, но веруваме дека Металург ќе даде се од себе за достојно да се претстави на овој натпревар и да се обиде да дојде до првите бодови во ова натпреварување.

Средбата ќе се одигра во арената “Борис Трајковски“, со почеток во 18.45 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата