Македонскиот вицешампион на гостувањето во Нашице настапи во ослабен состав без капитенот Филип Кузмановски и без Александар Гуглета што дополнително им ја отежна работата во дуелот со Нексе.

Никола Костески, Мартин Велковски, Немања Обрадовиќ и Вања Илиќ постигнаа по четири гола, а Дарко Арсиќ го заврши натпреварот со 13 одбрани. Кај Нексе нападот го предводеа Иван Сршен и Давид Шпилер со по шест гола, а голманот Перица Лелиќ запиша 14 одбрани.

Металург по завршувањето на настапот во СЕХА лигата останува во Хрватска. Во наредните десет дена „металурзи” ќе бидат на подготовки во Пореч каде ќе ја темпираат формата пред настапот во суперлигашкиот плеј-оф и во завршницата од Купот на Македонија.