x

Металург двапати на гости кај Чеховски Медведи!

metalurg-so-cehovski

Металург, еден од нашите ракометни претставници во Лигата на Европа, следниот месец во два наврати ќе игра како гостин кај тимот на Чеховски Медведи. Имено познато е дека мечот од 5. коло во ова натшреварување, кое требаше да се игра на 1 декември во Скопје е одложен поради коронавирусот во рускиот тим. Па затоа одлучено е, во договор на двете екипи и со посредство на ЕХФ, првиот меч да се игра на 8 декември во Чехов помеѓу овие две екипи, тоа е натпревар од 6. коло. Три дена подоцна, со цел да се избегнат трошоците околу патувањето и проблемите околу Ковид-19, договорено е Металург да остане уште три дена во Чехов, и на 11 декември да се одигра одложениот меч кој што беше закажан за 1 декември.

Инаку и двата меча ќе се играат во салата „Олимписки“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата